10 October 2009

Ново од Вермилион

„Сакате ли да ви ја раскажам приказната за мојата пријателка Палче , која тргна да го спасува принцот претворен во змија. И како ние двајцата се сплеткавме со мистериозната, талкачка пејачка по име Враноперка. Сè започна една далечна пролет, кога отидов во планините во Моровеј во потрага по авантура...“ Што следи потоа прочитајте во најновата книга од Вермилион, „Тори и принцот-змија“ од К.В. Јохансен.

„Типично за Јохансен, стилот одговара на заплетот: потраги, магија, шуми и замоци, опишани со ритам и вокабулар кој го води читателот во фантастичниот свет на Мрачното доба. ...Читателите кои сакаат фантастика ќе се најдат во свет кој е полн со живот, свеж и постојан. Кога би ја споредиле оваа книга со вино, во него би го насетиле вкусот на Толкин, К.С. Луис и браќата Грим, но и особениот вкус на Јохансен. ...Топло ја препорачувам.“ -Дејвид Вард, „Resource Links“

„Тори и принцот-змија“ беше на листата на почесни книги за деца на OLA "Best Bets" во 2007 година, беше номиниран за наградата „Сребрена бреза“ во 2008 година и е на листата за наградата „Смрека“ за 2009 година.