31 October 2009

Недела посветена на дислексијата

Неделата од 2 до 8 ноември во Велика Британија е посветена на дислексијата.

Терминот дислексија значи „потешкотии со зборовите“. Всушност, покрива цел спектар на проблеми, не само со читањето и пишувањето, туку и со разбирањето, меморијата и организациските вештини. Дислексичните деца функцираат многу поинаку од вообичаено и потребни им се алтернативни наставни методи и материјали за да научат да читаат. Можеби ќе им биде потребно повеќе време од врсниците, но на крајот обично успеваат. Овие деца најчесто стануваат читатели на околу 9 до 10 годишна возраст, но многу често не се подготвени веднаш за подолгите книги во кои уживаат нивните современици. Ним им се потребни многу покуси книги, меѓутоа со инспиративни содржини, реалистични ликови и возбудлив заплет.

Дислексијата не смее да биде пречка во учењето, вработувањето и личната реализација. Да им помогнеме на родителите и нивните деца побргу да научат да читаат со интересни приказни кои се куси и без ниту еден досаден дел, приспособени за децата со дислексија!