13 August 2009

Бушавиот Петре

Франкфурт оваа лето слави 200 години од раѓањето на творецот на "Struwwelpeter" („Бушавиот Петре“), д-р Хајнрих Хофман, германски психијатар и писател на најпознатата класична збирка приказни за деца од 1845 година. Книгата има десет морално поучни приказни, но со претерано катастрофални последици за непослушните деца.