07 August 2009

За децата повеќе да читаат

Читањето е неопходно за развојот на децата и безброј студии ја покажуваат врската помеѓу вештините за читање на рана возраст и понатамошниот успех во животот. Сепак, да се најдат книги кои децата сакаат да ги читаат или автори кои ги возбудуваат знае да биде тешко; изборот е застрашувачки, а советите се оскудни, па затоа сме ние тука да помогнеме:

Совети како да го негувате детскиот интерес за читање

1. Читањето треба да биде искуство кое детето ќе го сподели со родителот. Детето нека ве гледа како читате редовно, без разлика дали е тоа книга, весник или списание, бидејќи тоа ќе му всади љубов кон читањето од задоволство.
2. Оставете детето да ги одбере книгите кои ќе ги читате заедно. Ако вашето дете не сака некоја книга, не го терајте да ја чита. Оставете го да и' се врати откако ќе прочита нешто друго.
3. Читајте на место кое ќе ви биде удобно и вам и на вашето дете.
4. За време и по читањето зборувајте за приказната и дискутирајте за темите во книгата за подобро да бидат разбрани.
5. Менувајте го гласот и темпото во согласност со приказната.
6. Бодрете го и фалете го детето додека чита.
7. Ако има омилена книга или автор нека ги чита неколку пати, но запознајте го со автор или книга со сличен стил.
8. И пред сe' читањето нека биде забавно.

(адаптирано од Lovereading4kids)