Авторот и преведувачот
Минатата недела авторката на збирката раскази „Црвените боцки“, Марго Ланаган и нејзината преведувачка на македонски јазик, Марија Тодорова, се сретнаа во Сиднеј, Австралија. Тие можеа да поразговараат за стилот, преведувачките стратегии, семантичките решенија и т.н.
Авторката беше заинтересирана да научи повеќе за македонскиот јазик и за Македонија воопшто.
Се надеваме дека авторката ќе ја возврати посетата за време на Меѓународниот саем на книгата во Скопје кон средината на април 2010 година.