30 March 2009

2 април - Светскиот ден на литературата за деца


На 2 април, роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, светот го одбележува Денот на литературата за деца. Се слави љубовта кон читањето и им се посветува внимание на книгите за деца.

Секоја година различна земја ја има честа да биде меѓународен промпотор на Денот на литературата за деца. Оваа година таа чест му припадна на Египет. Пораката и постерот кои ќе го обележат 2 април оваа година се дело на Хани Д. Ел-Масри.



Во Македонија, ние ќе го обележиме Денот на литературата за деца донирајќи 90 книги во единствената детска библиотека во Скопје, библиотеката „Другарче“. По триесет книги од трите досегашни изданија на Вермилион ќе им бидат достапни на сите љубители на книгата.