27 February 2009

Вермилион во медиумите


Дневник, 25 февруари 2009 година

„ЦРВЕНИ БОЦКИ“ ЗБИРКА РАСКАЗИ ОД МАРГО ЛАНАГАН, „ВЕРМИЛИОН“

Преку раскази, кои во прв момент личат дека се наменети за младите, авторката низ фантастичните приказни предупредува за темните страни на животот

Читањето на книгата „Црвени боцки“ од познатата и наградувана австралиска писателка Марго Ланаган е мала прошетка низ времето, низ личното време, низ обидот да се сетите што сте читале некогаш, што сте сакале да читате и што читате сега. Целната група на оваа авторка, добитник на светската награда за фантастика, се токму учениците, не оние најмладите , туку young adults. Ова е книга која секако ќе ги заинтересира и оние кои сакаат да учат низ призмата на фантастиката. Овие два аспекта не се во некоја убава бајковидна форма, туку во функција на мрачноста и мачнината. Марго Ланаган е добар познавач на инструментариумот на фантастиката, па и на научната фантастика. Таа своите приказни ги плете околу типизираните чудовишта, сеништа, низ влезот и излезот од сонот, низ нечија глава, нечија проекција или уште подобро низ нашата проекција за нештата, сфатени според личното или колективното убедување. (Повеќе)