Добредојдовте на блогот на издавачката куќа ВЕРМИЛИОН
на децата и младите им нудиме приказни и идеи кои се истовремено забавни и поучни; поттикнуваат креативност и критичко размислување, ги прифаќаат различностите и инспирираат културен дијалог и мир
Светскиот ден на детето се слави на 20 ноември секоја година. На овој ден во 1959 година Обединетите нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето. На овој ден сите земји се поттикнуваат да промовираат разбирање меѓу децата и да иницираат активности за промоција на добросостојбата на децата во светот. На овој ден се слави детството.
----
Денес, 26 септември, е Европскиот ден на јазиците. Денешниот слоган е „Да ги славиме јазичната разноликост, повеќејазичноста, доживотното учење јазици“