29 January 2009

Веселата азбука

Познатиот писател Џон Апдајк, чии дела под заедничко име се познати како Iсторија на американската средна класа, почина вчера во Масачусетс. Освен дваесетипетте романи и петнаесетината збирки на кратки раскази, Апдајк има напишано и пет книги за деца, четири во 1960-те, а една во 1995 година.

Апдајк напиша 26 песни и „Весела азбука за убавите предмети“ за својот едногодишен син, Дејвид. Четириесет години подоцна, тој и Дејвид соработуваат на „Поучна азбука за пријателските предмети“, за која Џон ги напиша песните, а Дејвид ги направи фотографиите. „Детскиот календар“ кој претставува весело семејство низ годишните времиња, за прв пат беше објавена во 1965 година со песни од Џон Апдајк и илустрации од Ненси Бркерт. Истата книга е реиздадена во 2002 година со илустрации од наградуваната Трина Хајман и претставува повеќерасно семејство од Вермонт, САД. Синот на Дејвид, Весли, е со мешано расно потекло.

Ако сакате да пораснете писател, пишувајте. Апдајк вели дека својата инспирација ја добил гледајќи ја мајка си, писателката Линда Грејс Апдајк, како пишува и испраќа приказни по пошта. „Едно од моите најрани сеќавања е како седи на работната маса,“ еднаш напиша, „Се воодушевував на писателската опрема, кутиите бела хартија, и се сеќавам на кафените плика во кои приказните заминуваа – и се враќаа.“