15 January 2009

Наскоро нова едиција за млади

Фасцинантните раскази на Марго Ланаган застапени во збирката „Црвени боцки“ се случуваат во свет кој е поинаков од нашиот, па сепак секој од овие раскази зборува за тоа што значи да се биде човек. Тоа се раскази за копнежот за нешто повеќе, како и на процесот на учење да живееш со она што го имаш. Раскази кои покажуваат колку силен печат остава љубовта врз човечките животи.

Секогаш застрашувачки тие често зборуваат и за поблагородните амбиции на човештвото, меѓу кои честа, сочувството и љубовта во сите свои различни облици. Десетте раскази на Ланаган застапени во оваа наградувана книга продираат длабоко во амбисот на кошмарите, искушенијата и беспомошноста, со мешавина од сочен стил и инвентивност кои оваа збирка ја прават толку впечатлива.

Доколку мислите дека расказите не можат да се споредат со романите во однос на длабочината, силината на чувството или влијанието, тогаш не сте ја прочитале Марго Ланаган. Ретко имаме прилика да го посведочиме раѓањето на еден волку восхитувачки и оригинален авторски глас.

За сите кои сакате да бидете изненадени, трогнати, вознемирени, заинтригирани, или уплашени до смрт, подгответе се да бидете маѓепсани од мајсторството на овој врвен раскажувач.