19 September 2008

Светски конгрес за литература за млади



Од 6 до 10 септември 2008 година во Копенхаген, Данска се одржа 31-ви Светски конгрес на Меѓународниот одбор за книги за млади. Темата на конгресот беше „Приказните низ историјата - историјата во приказните“. На конгресот учествуваа околу 500 луѓе од целиот свет: писатели, илустратори, наставници, библиотекари и љубители на литературата за деца.

Учесниците на настанот можеа да разгледуваат книги за деца од целиот свет. Покрај книгите беа организирани и неколку изложби на илустратори на книги за деца.

На овој настан за прв пат учествуваше и претставник од Македонија, претставувајќи ги книгите за деца од нашата земја.