26 March 2008

Дигитални библиотеки за деца

Дигиталните библиотеки се организирани колекции на дигитални содржини кои е достапни до широката јавност. Можат да содржат материјали кои биле дигитализирани, како што се дигитални копии на книги или други материјали од библиотеки и архиви или пак материјали кои во оригинал биле продуцирани како дигитални. Овие информации се достапни преку компјутер и интернет врска.

Едни од најстарите и најпознатите дигитални библиотеки се
Проектот Персеj , Проектот Гутенберг и ибиблио.

Предноста на дигиталните библиотеки е тоа што се лесно достапни, имаат повеќе простор од традиционалните библиотеки, полесни се за одржување и се поевтини.

А сега замислете библиотека каде книгите се подредени по боја и по форма или според тоа какви чувства будат. Ваква е
Меѓународната детска дигитална библиотека . Тука можете да најдете околу 200 книги за деца од различни земји од светот и на различни светски јазици. Три од книгите се на македонски јазик, а другите можете да ги искористите да научите некој од светските јазици.

Друга дигитална библиотека на која можете да најдете книги од околу 47 европски земји и нивните национални библиотеки е
Европската библиотека . Во неа има и неколку колекции на книги за деца. Потоа, можете да ги погледнете и Болдвин Проектот за литература за деца, Болдвин библиотеката за литература за деца, Книги за деца на интернет Розета проект, Светско училиште.

Во Македонија сега за сега дигитални книги можете да најдете на интернет страната на
Библиотеката „Браќа Миладиновци“ .