Наскоро во книжарниците
К.В. Јохансен - Тори и принцот-змија„Тори и принцот-змија“ е магична авантура полна со акција и неодолив хумор.
Откако некој ќе го киднапира престолонаследникот Лијас и никој нема да се пријави за да го спаси, Тори и Палче сфаќаат дека е време да преземат нешто. Двајцата пријатели патуваат низ планините, низ шумата, каде мораат да се справат со гоблинот шпион, лутата и смртоносна горска вила и загатката на пејачката Враноперка. Овие средби им помагаат да откријат како да го ослободат принцот и повторно да му го вратат човечкиот облик.
Ако ви се допадна оваа книга ќе ги сакате и другите три во серијата:
„Тори и змејот“
„Тори и жар птицата“
„Тори и пиратската кралица“
Криста Јохансен е авторка на шест книги за деца, една историја на детската литература и серија на сликовници. Живее во Саквил, Њу Брунсвик, Канада. Кога била мала најмногу сакала да чита и да шета со своето куче низ пасиштата и шумите.
„Водното коњче“ е прекрасна приказна за читање на глас. Кога осумгодишната Кирсти го донесе дома необичното јајце што го најде на брегот на Шкотска, нејзиното семејство не ни сонуваше дека ќе се изведе. Но следниот ден Кирсти во кадата најде малечко морско чудовиште! Дел коњ, дел жаба, дел желка и дел крокодил, ова беше најнеобичното суштество што го имаа видено. Само дедото на Кирсти знае што е - воден коњ!
Неодамна можевте да ги гледате екранизациите на две негови книги: „Бејб, галантното прасе“ (добитник на Оскар во 1995 година) и „Мрежата на Шарлота“.








