27 април 2007
23 април 2007
Саем на детската книга во Болоња


напишано од:
Вермилион
во
21:00
0
коментари
категории: информации
Светски ден на книгата и авторските права
Идејата за празникот потекнува од Каталонија, каде на овој ден традиционално се подарува роза за секоја купена книга.
Прославете го овој празник со убава книга која ќе ве развесели, натажи, подучи...
напишано од:
Вермилион
во
20:49
0
коментари
категории: информации
17 април 2007
Петар Пан во акција за помош на детското здравје
Во духот на изворната донација на Џ.М. Бери, кој со подарувањето на авторските права за „Петар Пан“ на Детската болница „Грејт Ормонд Стрит“ одлучи неговиот книжевен јунак не само да ги забавува, туку и да им помага на децата, ВЕРМИЛИОН со македонското издание на оваа книга ќе се обиде да им помогне барем малку на децата кои се лекуваат во Институтот за белодробни заболувања во Козле.
Македонското издание на “Петар Пан во црвено” ќе биде промовирано на Саемот на книгата од 17 до 22 април, на штандот на ИЛИ-ИЛИ, а по затворањето на саемот ќе може да се најде во книжарниците ширум Македонија.
Издавачката куќа ВЕРМИЛИОН е посветена на промовирање литература за деца и млади, во превод и од домашни автори, која поттикнува меѓународно разбирање и ширење на вредностите на културата за мир. Неодамна оваа издавачка куќа ја востанови и откупната награда за необјавен роман или збирка раскази за деца од македонски автор кој промовира мир и толеранција.
Сите изданија на ВЕРМИЛИОН ќе се печатат на рециклирана хартија.
Благодарност до ИЛИ-ИЛИ и Репринт за нивната помош во реализацијата на оваа акција.
напишано од:
Вермилион
во
14:24
0
коментари
категории: петар пан во црвено
Прво официјално продолжение на „Петар Пан“ од Џ.М. Бери
Како настана оваа книга
Џемс Бери, авторот на оригиналниот “Петар Пан”, кој почина во 1937 година, ги остави сите авторски права поврзани со Петар Пан на детската болница Грејт Ормонд Стрит во Лондон.
Во август 2004 година беше објавен конкурс за продолжение на безвременото ремек дело на Џ.М. Бери, “Петар Пан”. Меѓу речиси 200 писатели од различни националности, кои се пријавија со краток заплет и пробно поглавје, беше избрана британската авторка Џералдин Макоркран.
Синопсис
Дејството на “Петар Пан во црвено” се случува во 1920-тите и на читателите им нуди многу авантури, возбуди и опасности.
Новата книга за Петар Пан открива што му се случило на момчето кое одлучи никогаш да не порасне по заминувањето на Венди и загубените момчиња.
Зеленото лето се претворило во црвена есен. Големата војна однела еден живот (Мајкл), децата пораснале и имаат свои деца, а од Недојдија истекуваат вознемирувачки соништа. Кога Дарлингови и изгубените момчиња ќе дојдат назад во Недојдија ќе откријат дека таа е променета. Некој живее во подземното дувло, а прамени коса од сирени се расфрлени по брегот. Пиратскиот брод на Капетан Кука е насукан без капетан и посада. Откако куќата на Венди ќе падне од Недрвото, не им преостанува ништо друго освен да тргнат на пат кон центарот на Недојдија. На патот ги чекаат пирати, циркус, животни, вештерки, вили... и опасности кои ќе ја стават на проба одлучноста дури и на најголемиот херој.
Што велат другите за „Петар Пан во црвено“
“Уште од првата страница, ниту еден обожавател на Петар Пан нема да остане рамнодушен кон леснотијата на стилот на Џералдин Макоркран, нејзината сигурност во пишувањето и брилијантната имагинација.” - Гардијан
“Книгата на Макоркран, како и онаа на Бери, е освежувачки несентиментална како што само една книга за вили и загубени бебиња може да биде, и тешко е да се замисли подобра.” - Индепендент
“Да се зафатиш за приказна со митски димензии како што е Петар Пан, како што тоа го стори Џералдин Макоркран, и да создадеш книга која не само што е потполно верна на оригиналот, туку и кажува нови, важни нешта за детството и растењето, и раскажува прекрасна приказна од која застанува здивот – тоа е за восхит. Не многу продолженија и самите стануваат класици, но ова сигурно ќе биде.” – Оксфорд Универзити Прес
За авторката
Џералдин Макоркран е родена во Ајнфилд, Северен Лондон, како трето и најмладо дете на пожарникар и учителка. Студирала да стане учителка и самата, десет години работи во издаваштвото, а од 1988 година целосно се посветува на пишувањето. Оттогаш има напишано 139 книги за деца.
Добитник е на следните награди:
Витбредова награда за книга за деца (три пати)
Карнеги медалот
Смартис бронзената награда (четири пати)
Синиот Петар награда за книга на годината во 2000 година
Гардијановата награда за литература за деца
Белата темнина
Златниот прав
Не е крај на светот
Малку пониско од ангелите
Грст лаги
Јавач на летало
напишано од:
Вермилион
во
09:15
0
коментари
категории: петар пан во црвено
07 април 2007
Ѕирни во „Петар Пан во црвено“
„Следниот ден, поради настинката госпоѓа Венди остана дома, но старите момчиња се најдоа во Кенсингтонските градини со мрежи за фаќање пеперутки и почнаа да талкаат наваму-натаму. Бараа вили.
Дуваше силен ветер. Нешто бело и воздушесто го допре лицето на господин Нибс и тој крикна. “Ене една! Ме бакна!” И господата потскокнувајќи тргнаа по него. Ветерот стануваше сé посилен. И други бели туфки почнаа да прелетуваат покрај нив, сé додека не заличи дека воздухот е преполн со снегулки, кои се вртеа и танцуваа, лесни како пердуви. Старите момчиња ја изгазија тревата трчајќи наваму-натаму, фаќајќи вили, газејќи се едни со други, викајќи и кликајќи, “Фатив една!”
“И – ОФ!”
“Еве една, види!”
Но кога ѕирнаа во мрежите за фаќање пеперутки таму најдоа само воздушесто семе од првите летни глуварчиња. Немаше ниту една вила.
Цел ден бараа. Додека сонцето заоѓаше, а сколовранците се собираа над светкавиот град, старите момчиња се сокрија во кенсингтонските грмушки. Раните ѕвезди се осмелија да се појават на небото, нивниот отсјај ја красеше Серпентина. И одеднаш воздухот затрепери од крила!
Пресреќни, скокнаа од скривалиштата и се растрчаа наваму-натаму со размавтани мрежи.
“Моја е!”
“О, Боже!”
“Внимавај!”
“Уф! Гледај каде одиш, господине!”
“Па ова било одлична забава!”
Но кога ги превртеа мрежите што имаше? Мушички и молци и водени цветови.
“Фатив една! Дефинитивно! Неспорно!” викна господин Џон нагмечувајќи го својот цилиндер на главата за да го зароби она што го имаше внатре. Другите се собраа околу него туркајќи се за да видат. Повторно ја симна шапката, со силна воздишка; господин Џон пофати со показалецот и палецот и извади нешто од сатенската постава и го крена за да им го покаже – сјајното, меко, со виолетов сјај, тиркизно тело на...
Обично вилинско коњче.
Господин Џон ги рашири прстите и осум пара разочарани очи го испратија прекрасното суштество на неговото колебливо и разиграно враќање кон водата.
“Мислам дека нема ниту една вила...” почна доктор Карли, но останатите го фрлија на земја и му ја покрија устата со раце.
“Не кажувај! Никогаш да не си го кажал тоа!” крикна господин Нибс препрашено. “Зарем не се сеќаваш? Секогаш кога некој ќе каже дека не верува во вили, некоја вила умира!”
“Не реков дека не верувам во вили!” возврати докторот рамнејќи си го стутканиот костум. “Сакав да кажам дека тука нема ниту една вила. Вечерва. Во парков. Панталоните ми се целите во кал, ме изедоа бубачки, а уште не сум ни вечерал. Ќе кренеме ли раце?”
Другите стари момчиња погледнаа наоколу во самракот на паркот и далечните, слаби улични светла. Ги погледнаа ѓоновите на чевлите, да не згазнале некоја вила по грешка. Погледнаа во водата на Серпентина, во ѕвездите да не откријат вистински вили кои се капат. Немаше ни вили ни вилински прав. Можеби, на крајот на краиштата, сепак нема да се враќаат во Недојдија.
“И подобро. Каква апсурдна идеја,” за’ржа господин Џон, но никој не му одговори.
Пречесниот Слајтли од џепот извади едно сјајно меурче во сите бои на виножитото. “Вчера сонував дека играм ватерполо со сирените,” кажа. “Кога се разбудив, на перницата го најдов ова.”
Меурчето пукна и исчезна.
Кога дојдоа назад до портата на паркот, таа беше затворена. Старите момчиња мораа да се прекачат и судијата Тутлс си го искина најубавиот костум од твид.“
напишано од:
Вермилион
во
10:04
0
коментари
категории: петар пан во црвено











