„Водниот коњ“ на филм

Допирајќи ја универзалната тема за магијата на пријателството, низ згодите со Крузо малиот Ангус созрева и учи да ја прифаќа реалноста.
Највозбудливиот дел од филмот се водните и подводните пловења на малиот Ангус на грбот на чудовиштето од Лох Нес.
Со еден збор одличен семеен филм.
Книгата на Дик Кинг-Смит можете да ја очекувате во книжарниците на македонски јазик во текот на февруари 2008 година во издание на Вермилион.