Европски ден на јазиците
Кон крајот на 2001, годината на јазиците, Советот на Европа го прогласи 26 септември секоја година за Европски ден на јазиците. Целта е низ Европа да се поттикне учењето на јазици. Во чест на овој ден насекаде низ Европа се организираат различни настани за деца, телевизиски и радио програми, курсеви за јазици и конференции.Европската унија води политика на повеќејазичност. На Самитот во 2002 година во Барцелона се постави цел децата уште од мали да учат два странски јазика. Повеќејазичноста во ЕУ е поврзана со мобилноста на работниците и европската економија.
Европската унија инвестира повеќе од 30 милиони евра годишно за промовирање на учењето на јазици и лингвистичката разноврсност преку програмите Сократес и Леонардо да Винчи.






0 коментари:
Post a Comment