12 September 2007

Светски ден на писменоста

8 септември е прогласен од УНЕСКО за Ден на писменоста. Оваа година темата на која е ставен посебен акцент е „Писменоста и здравјето“. Во чест на Денот на писменоста, на Африканската регионална конференција за глобална писменост која се одржа на 10 септември во Бамако, Мали, УНЕСКО ги додели Наградите за писменост. Овие награди се доделуваат секоја година како признание за посебен придонес во борбата против неписменост.

Еден од петте добитници на награди е Проектот за книги за деца во Танзанија, невладина организација која работи на создавањето на култура на читање помеѓу младите, но и меѓу возрасните, преку зајакнување на локалната издавачка индустрија. Друг е организацијата Посегни и прочитај од САД која соработува со здравствените установи за да допре до децата од најсиромашните семејства кои најчесто не завршуваат училиште, промовирајќи писменост и култура на читање.

И неколку писатели се приклучија кон борбата на УНЕСКО против неписменоста. „Писателите за писменост“ е иницијатива во која учествуваат писатели како Маргарет Атвуд, Надин Годимер, Тони Морисон, Пауло Коељо и многу други. Во новата публикација на УНЕСКО, „Азбука на надежта“ , овие и други светски мајстори на пишаниот збор се залагаат за писменост за сите жители на нашата планета.

(фото: © UNESCO)