Размени книга
Имаш книги кои не ти се потребни и само фаќаат прашина на полиците? Книгата што сакаш да ја прочиташ ја нема во книжарниците во Македонија?
ар втор дом кај некој кој ќе знае да ги цени и да се грижи за нив. Од друга страна, за да ја најдеш вистинската книга, мораш да пробуваш, да истражуваш, да читаш најразлични книги. Понекогаш книгата што ја бараш повеќе не се печати, ниту може да се купи. Затоа многу љубителите на книги се чести посетители на штандовите за користени книги, во потрага по книгата која ќе им понуди ново доживување по цена што можат да си ја дозволат.
Интернет страниците за размена на книги ти го овозможуваат токму тоа: да го добиеш насловот што го сакаш, од друг корисник кому таа книга веќе не му е потребна. Испробавме десетина од светските станици за размена на книги и би можеле да ги препорачаме следните кои се достапни за корисници од Македонија:
BookMooch
TitleTrader
SF-books
bookcrossing
Иако секоја страница користи малку поинаков пристап, основниот концепт е горе-долу ист и многу едноставен. Се регистрираш на страната, ги регистрираш книгите што повеќе не ти требаат и сакаш да ги размениш, а потоа се обраќаш до други корисници кои ги имаат книгите кои ги посакуваш. Книгата што ќе ја побараш стигнува по пошта. По месеци и години фаќање прашина на некоја полица, конечно има нов сопственик.
На овој начин не само што добиваш евтини книги туку ги рециклираш книгите кои веќе не ти се потребни и ја намалуваш потрошувачката на хартија. Како што гледаш идејата е добра и изводлива, останува уште да ја направиме и кај нас.
Но ако повеќе сакаш да бидеш првиот кој ќе знае што ќе се случи со твојот омилен јунак, и сакаш нова, а не користена, книга тогаш останува да отидеш во книжарница и да си ја купиш.