Преведувачи за деца
Првичниот проект на организацијата е да објави збирка на приказни, напишани од деца од целиот свет. Книгата ќе биде преведена на различни јазици и ќе биде достапна во колку што е можно повеќе земји. Добивката од продажбата на книгата ќе биде искористена за да се најде решение за проблемите со кои многу деца од светот се соочуваат секојдневно.
Идните проекти опфаќаат:
- објавување на проекти на други медиуми, како што е CD, со цел да им се помогне на децата
- развивање на систем во кој преведувачите ќе бидат културни амбасадори кои ќе се залагаат за правата на децата
- создавање на врски со сите хуманитарни организации кои помагаат за грижа и добросостојба на децата
- развој на корпоративни и приватни програми за спонзорства кои ќе ја движат организацијата и ќе помагаат во остварувањето на нејзината мисија
И вие можете да помогнете преку Translators 4 Kids ако сакате да волонтирате или да донирате.