Саем на детската книга во Болоња
Од 24 до 27 април во Болоња се одржува Саемот на детската книга, најголемиот меѓународен собир на автори, преведувачи, илустратори и издавачи на книги за деца.


Централен настан на саемот ќе биде прославата на 100 години од раѓањето на Астрид Линдгрен, прочуената шведска писателка за деца, која на овој свет ја донесе Пипи Долгиот Чорап.