17 April 2007

Прво официјално продолжение на „Петар Пан“ од Џ.М. Бери



Како настана оваа книга

Џемс Бери, авторот на оригиналниотПетар Пан”, кој почина во 1937 година, ги остави сите авторски права поврзани со Петар Пан на детската болница Грејт Ормонд Стрит во Лондон.

Во август 2004 година беше објавен конкурс за продолжение на безвременото ремек дело на Џ.М. Бери, “Петар Пан”. Меѓу речиси 200 писатели од различни националности, кои се пријавија со краток заплет и пробно поглавје, беше избрана британската авторка Џералдин Макоркран.

Синопсис

Дејството наПетар Пан во црвеносе случува во 1920-тите и на читателите им нуди многу авантури, возбуди и опасности.

Новата книга за Петар Пан открива што му се случило на момчето кое одлучи никогаш да не порасне по заминувањето на Венди и загубените момчиња.

Зеленото лето се претворило во црвена есен. Големата војна однела еден живот (Мајкл), децата пораснале и имаат свои деца, а од Недојдија истекуваат вознемирувачки соништа. Кога Дарлингови и изгубените момчиња ќе дојдат назад во Недојдија ќе откријат дека таа е променета. Некој живее во подземното дувло, а прамени коса од сирени се расфрлени по брегот. Пиратскиот брод на Капетан Кука е насукан без капетан и посада. Откако куќата на Венди ќе падне од Недрвото, не им преостанува ништо друго освен да тргнат на пат кон центарот на Недојдија. На патот ги чекаат пирати, циркус, животни, вештерки, вили... и опасности кои ќе ја стават на проба одлучноста дури и на најголемиот херој.

Што велат другите заПетар Пан во црвено“

Уште од првата страница, ниту еден обожавател на Петар Пан нема да остане рамнодушен кон леснотијата на стилот на Џералдин Макоркран, нејзината сигурност во пишувањето и брилијантната имагинација.” - Гардијан

Книгата на Макоркран, како и онаа на Бери, е освежувачки несентиментална како што само една книга за вили и загубени бебиња може да биде, и тешко е да се замисли подобра.” - Индепендент

Да се зафатиш за приказна со митски димензии како што е Петар Пан, како што тоа го стори Џералдин Макоркран, и да создадеш книга која не само што е потполно верна на оригиналот, туку и кажува нови, важни нешта за детството и растењето, и раскажува прекрасна приказна од која застанува здивот тоа е за восхит. Не многу продолженија и самите стануваат класици, но ова сигурно ќе биде.” Оксфорд Универзити Прес

За авторката

Џералдин Макоркран е родена во Ајнфилд, Северен Лондон, како трето и најмладо дете на пожарникар и учителка. Студирала да стане учителка и самата, десет години работи во издаваштвото, а од 1988 година целосно се посветува на пишувањето. Оттогаш има напишано 139 книги за деца.

Добитник е на следните награди:

Витбредова награда за книга за деца (три пати)

Карнеги медалот

Смартис бронзената награда (четири пати)

Синиот Петар награда за книга на годината во 2000 година

Гардијановата награда за литература за деца

Други наслови од истата авторка:

Белата темнина

Златниот прав

Не е крај на светот

Малку пониско од ангелите

Грст лаги

Јавач на летало