Конкурс
По повод 2 април, светскиот ден на литературата за деца,
издавачката куќа “ВЕРМИЛИОН” распишува
НАГРАДЕН КОНКУРС
ЗА КНИГА ЗА ДЕЦА ВО СЛУЖБА НА МИРОТ И ТОЛЕРАНЦИЈАТА
Право на учество на конкурсот имаат сите граѓани на Република Македонија. Пристигнатите дела треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да бидат оригинални дела на македонски јазик (во оригинал или превод) и не смеат да бидат претходно објавувани;
- Да спаѓаат во жанрот роман или збирка раскази за деца;
- Да бидат наменети за деца од 8-14 годишна возраст;
- Да ги поттикнуваат децата да ги прифаќаат разликите и да одбиваат секаков вид на дискриминација, да ги прават поотворени кон другите култури и начини на живот и да ги промовираат концептите и идеите на толеранцијата и мирот.
Конкурсот е анонимен. Текстовите во електронски облик (компакт диск или дискета) треба да се предадат најдоцна до 15 ноември 2007, во шифриран плик испратен на следната адреса:
ВЕРМИЛИОН, П.Фах 288, 1001 Скопје
Во друг, посебно означен плик, што ќе биде отворен по изборот, треба да биде наведена шифрата и контакт информации за авторот на делото.
Најдобрата необјавена книга за деца во служба на мирот и толеранцијата ќе биде наградена со откупна парична награда од 30.000 денари и ќе биде објавена.
Доставените дела не се враќаат. Дозволени се номинации само од авторите на делата. Одлуката на жирито е конечна. Доколку според жирито ниту едно номинирано дело не заслужува награда, истата нема да биде доделена.
Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 1 февруари 2008. Свеченото доделување на наградата и претставувањето на објавеното дело ќе биде на 2 април 2008 година.
(Објавено во „Дневник“ на 2.4.2007)