Наскоро ќе читате...
Џералдин Макоркран
превод: Марија Тодорова; 270 стр.; ISBN 978-9989-2689-0-8
Недојдија повторно повикува ...
Нешто не е во ред во Недојдија. Соништата истекуваат – необично вистинити соништа, за пирати и сирени, за борбени бои и крокодили. За Венди и за загубените момчиња тоа е јасен сигнал – на Петар Пан му е потребна нивната помош, па затоа е време да се направи незамисливото и да се одлета повторно во Недојдија.
Но во Недојдија сé е променето – а опасностите со кои таму ќе се сретнат ќе бидат далеку пострашни од нивните очекувања ...
Детската болница “Грејт Ормонд Стрит” го нарача “Петар Пан во црвено” како официјално продолжение на “Петар Пан” од Џ.М. Бери. Верно на неговиот ексцентричен стил и на неговиот незаборавен јунак, “Петар Пан во црвено” нé враќа во земјата на пиратите и вилите, на детството и истражувањето. Но нé носи и напред во времето – со нови ликови во кои ќе се вљубиме, нови авантури од кои срцето побрзо чука, и нови опасности кои треба да се пребродат – а сето тоа поврзано со грст волшебен вилински прав.
Вратете се во Недојдија за да доживеете авантура која никогаш нема да ја заборавите.
********
За авторката:
Џералдин Макоркран е една од најпрочуените живи писатели за деца. Таа го има добиено Карнегиевиот медал, Витбредовата награда за книга за деца (трикратен добитник), Гардијановата награда за детски роман и наградата Синиот Петар за книга на годината. Позната е и почитувана поради разновидноста и оригиналноста на нејзините книги, како и заради нејзините исклучителни раскажувачки вештини.
www.geraldinemccaughrean.co.uk