13 јануари 2012
05 јануари 2012
Каталог 2012
напишано од:
Вермилион
во
06:53
0
коментари
категории: каталог
30 декември 2011
Среќна Нова 2012
Во текот на изминатата година издадовме седум нови наслови.
Ви благодариме за уште една успешна година и се надеваме дека идната ќе биде уште поинтересна.
Со искрени желби за среќа и мир во Новата Година.
напишано од:
Вермилион
во
03:19
0
коментари
27 декември 2011
КНИЖЕВНО ОТКРИТИЕ ОД РЕЈМОНД КАРВЕР СЕГА И НА МАКЕДОНСКИ
напишано од:
Вермилион
во
08:55
0
коментари
24 декември 2011
Награда за илустратор
Наградената илустрација е на Mарија Настовска. Таа ќе ја илустрира книгата за деца „Златното јаболко“ од Христо Петрески во издание на Вермилион, која ќе можете да ја најдете во книжарниците до април 2012.
Честитки за победникот и благодарност до сите кои учествуваа.
напишано од:
Вермилион
во
09:40
0
коментари
категории: илустрација
12 декември 2011
НОВИ ИЗДАНИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД „ВЕРМИЛИОН“
Четири нови
изданија од наградени современи автори за деца и млади кои за првпат се
претставуваат пред македонската публика излегоа од печат од издавачката куќа
„Вермилион“, специјализирана
за книги за деца и млади. Станува збор за книгите „Девојчето од мраз и други
бајки“ од младата хрватска писателка Мила Павиќевиќ, новелата за млади „Џони
сејачот“ од познатиот италијански автор Франческо д’Адамо, монументалниот роман
„Сите сакаме рај“ од белгиската писателка Елс Бертен и збирката раскази „Свежи
јаболка“ од талентираната велшка писателка Рејчел Трезис. Преводот на македонски јазик на овие изданија се реализира со
поддршка од Програмата за култура на Европската Унија.
„Девојчето од мраз
и други бајки“ од дваесетитригодишната авторка од Дубровник, Мила Павиќевиќ, е
добитник на престижната награда за литература на Европската Унија. Книгата
содржи 13 бајки во кои чудесното и натприродното се преплетуваат со реалното.
Напишана е на таков начин што нема јасна граница или контраст помеѓу реалното и
измисленото, меѓу можното и неможното. Преводот од хрватски јазик е на Владимир
Јанковски, а илустрациите се на Матеј Богдановски. Изданието е технички приспособено за млади читатели со проблеми во
читањето и дислексија. (80 стр., 9-14 години)
„Џони сејачот“
од Франческо д’Адамо ја раскажува приказната за Џони, локалниот херој, кој лета
на бомбашки мисии во војната Тамудолу. Кога ненадејно ќе се врати дома, скршен,
сенка на својот претходен карактер, сите сакаат да дознаат зошто. Набргу Џони ќе започне анти-воени протести на локалниот
плоштад кои ќе ги поделат жителите на селото. Франческо Д’Адамо е добитник на
повеќе меѓународни награди и признанија, меѓу кои наградата „Кристофер“ од
Американското здружение на библиотеки, наградата „Центро“ во Италија и
книжевната награда на Меѓународното здружение за читање. „Некои приказни треба
да бидат напишани и заслужуваат да бидат читани низ целиот свет, а ’Џони
сејачот’ е една од нив“, вели критиката за книгата во британскиот „Сандеј
тајмс“. Преводот од италијански јазик е на Анета Симовска. (130 стр., за
возраст 14+ години)
„Сите сакаме
рај“ од Елс Бертен не е само историски приказ на ужасите на Втората светска војна
од првите борбени линии. Елс Бертен ни дава веродостојна слика за секојдневниот
живот во рововите и насекаде каде се наоѓа семејството Класен и другите ликови,
кои ги врзуваат семејни врски, пријателство или судбина. Четири наратори ја
раскажуваат приказната: браќата Јеф и Реми, нивната сестра Рене и нивниот
пријател Вард. Во детален и веродостоен психолошки портрет, Бертен ги
претставува нивните надежи, соништа и желби. Дали ќе мораат да почекаат да
заврши војната за да почнат да го живеат својот живот? Клучното прашање во
романот се последиците и валидноста на тешките одлуки и моралните дилеми.
Романот на Бертен е добитник на низа книжевни награди, меѓу кои Фламански книжевен
лав, Златен був за млади читатели, Златна рамка и наградата Нинке ван Хихтум.
Критиката го оцени делото на Бертен како „монументална книга, каква што се
создава само еднаш во десет години“. Преводот од фламански јазик е на Ели
Доезе, добитничка на наградата „Златно перо“ за најдобар превод во 2011 година. (500
стр., за возраст 14+ години)Издавачката куќа „Вермилион“ е посветена на промовирање литература за деца и млади, во превод и од домашни автори, која поттикнува меѓународно разбирање и ширење на вредностите на културата за мир. Сите изданија на „Вермилион“ се печатат на рециклирана хартија.
напишано од:
Вермилион
во
13:55
0
коментари
23 ноември 2011
Девојчето од мраз и други бајки
Во издание на Вермилион книгата можете од денеска да ја прочитате и на македонски јазик во превод на Владимир Јанковски и со илустрации од Матеј Богдановски. Во тринаесетте бајки на Мила Павиќевиќ натприродното и волшебното се преплетуваат со реалното, можното со неможното. Иако напишани како бајки, тие си играат со формата и функцијата на бајката.
„Девојчето од мраз и други бајки“ е наменета за читатели над 9 години, но и за тинејџери кои помалку сакаат да читаат или имаат дислексија.
Преводот на оваа книга е поддржана во рамките на Програмата за култура на Европската унија.
напишано од:
Вермилион
во
16:18
0
коментари
категории: Девојчето од мраз
01 октомври 2011
Златно перо за „Розата и Вепарот“
Ели Доезе досега за Вермилион покрај „Розата и вепарот“ ја преведе и „Книга за се’“ од Гус Каијер, а до крајот на годинава можете да ја очекувате и новата книга во превод на Ели Доезе. Станува збор за „Сите сакаме рај“ од уште една фламанска авторка, Елс Бертен.
Наградата Златно перо ја доделува Советот на Меѓународната средба на книжевните преведувачи и Сојузот на литературните преведувачи на Македонија за најдобар превод објавен во изминатата година. Се доделува во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на преведувачите, 30 септември.
напишано од:
Вермилион
во
03:49
0
коментари
категории: Розата и вепарот
12 септември 2011
Повик за илустратори на книга
Ако сте заинтересирани ве молиме испратете најмногу три оригинални илустрации со максимална величина 130х200мм инспирирани од посочениот текст по е-пошта во JPG формат на vermilion.books@gmail.com
со назнака: КОНКУРС ЗА ИЛУСТРАЦИЈА
Краен рок за пријавување: 15 декември 2011
Избраниот илустратор ќе добие награда од 10.000 денари. Името на илустраторот ќе биде објавено во книгата, а по желба ќе има можност за мала изложба во склоп на промоцијата на книгата.
Текст:
Под селото имаше поле и река, а над селото стрмен, каменест пат кој водеше право пругоре кон градот. А, тој пат овде-онде го пресекуваше малечко планинско поточе, кое стануваше поголемо само кога ќе паднеа обилни врнежи, кога ќе надојдеше и здивеше водата и кога ќе започнеше да турка и носи се’ пред себе...
напишано од:
Вермилион
во
10:02
0
коментари
категории: конкурс
25 август 2011
ХРИСТО ПЕТРЕСКИ НАГРАДЕН ЗА НАЈДОБАР РАКОПИС ЗА ДЕЦА ОД „ВЕРМИЛИОН“
Иако малку задоцнето, поради продолжувањето на конкурсот, конечно можеме да го објавиме победникот на годинешниот конкурс за најдобар необјавен ракопис за деца од издавачката куќа „Вермилион“. Победник е збирката раскази „Златното јаболко и тринаесетте ѕвезди“ од Петрески. Збирката раскази на Христо Петрески, иако мала по обем, содржи богатство на теми раскажани со несомнена наративна вештина, кои на извонредно успешен начин ги поврзуваат современите проблеми од животот на децата со мотивите од народното творештво, притоа давајќи им нов живот на традиционалните приказни на различните народи кои живеат на нашето подрачје.
Како првонаградена на конкурсот, збирката на Петрески ќе биде објавена од издавачката куќа „Вермилион“ и свечено промовирана на 2 април 2012 година, по повод Светскиот ден на литературата за деца.
Христо Петрески е роден во 1957 година во Крушево. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1985 година. Петрески е магистер по културологија во книжевноста на Институтот за македонска литература при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје. Сега е докторант на темата "Авторска бајка - компаративна анализа".
Досега за деца ги има напишано "Љубов плус" (Детска радост" - Скопје, 1993), "Скопскиот трамвај" ("Феникс" - Скопје, 1996), "Најголемата тајна" ("Феникс" - Скопје, 2004), "Збогум, Кензо Танге" ("Феникс" - Скопје, 2006), Детето што сакаше да стане пчела ("Феникс" - Скопје, 2010). Добитник е на наградите за книгата за деца "Скопскиот трамвај" - награда "Васил Куноски", за книгата "На умните не им требаат скали за качување" - награда "Ванчо Николески".
Покрај тоа што пишува за деца, Христо Петрески пишува и за возрасни.
напишано од:
Вермилион
во
15:50
0
коментари
категории: конкурс










